Проект – Физичко


ПРОЕКТИ ОД ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ

 ПРОЕКТ ЗА ПАРТИЦИПАТИВНОСТ (УЧЕСТВО) НА УЧЕНИЦИТЕ

Покровител (овозможувач на услови за реализација) на проектот:

 Фондација Отворено Општество Македонија

 

Ментори – водачи, обучувачи, насочувачи на проектот:

 Проф. Д-р Јанез Крек и Проф. Д-р Јанез Вугринц

Меѓународен центар за образовни политики

на Универзитетот во Љубљана, Педагошки факултет

 

Реализатори и автори на уцилишниот проект:

 Наст. Југослав Спасиќ и Наст. Бобан Поповски

ООУ„Крсте Мисирков“ – Куманово

 

Наслов на училишниот проект:

Усогласување на начинот на оценување

на спортските знаења и постигања на учениците

по предметот физичко и здравствено образование

во предметна настава од 6то7мо8мо и 9то одд.

во ООУ„Крсте Мисирков“ Куманово

 

Целта на проектот за партиципативност (учество) на учениците е да се реализира нешто што е реално потребно на учениците во наставниот процес, а тоа не е нивно секојдневие во училишната пракса.

Овој проект на Акциско истражување е поврзување на теоријата со пракса, односно, ефектите од  некоја практична промена во наставта теоретски да се проверат, утврдат, докажат или отфрлат и слично.

Целта за усогласување на начинот на оценување на спортските знаења и постигања на учениците по предметот физичко  и здравствено образование е да се создаде, осмисли и креира модел на оценување кој е според Наставната програма од МОН и БРО и е според предвидени постигања од Образовните стандарди од МОН и БРО, но е поконкретно предвиден модел за оценување на спортски знаења и ќе понуди реално и објективно оценување во наставата од овој предмет.

Овој модел (начин) на оценување на спортските знаења и постигања ќе понуди:

За наставниците процесот на оценување да го реализираат свесно, усогласено помеѓусебе, стручно, конкретно, реално, објективно, праведно и проверливо.

За учениците процесот на оценување ќе биде познат, помалку стресен, сами ќе може да се проверуваат и самооценуваат, контролираат, самоусовршуваат, образуваат.

Родителите ќе бидат запознаени со начин на оценување, барања, постигања како и очекувања од учениците, контрола и насока на децата во процес на усовршување, проверување, подготовка и оценување.

За училиштето тоа е креирање на модел во наставниот процес на обучување и проверување на знаења кој нуди транспарентност, комуникација, доверба до родителите и учениците како партнери.

За јавноста нуди можност за едукација, споредување, конструктивни конслутации и критики, проверка, комуникација, размена на искуства, доаѓање до нови идеи.