Со пристап позитивен до наставник инклузивен


ПРОЕКТ:

Со пристап позитивен до наставник инклузивен

Со проектот ќе го третираме проблемот на инклузивен квалитетен пристап на политиките на училиштето во поглед на пристапност на ученици со потешкотии во движење и помош на учениците со потешкотии во совладувањето на материјлот во наставата (ученици Роми и ученици со посебни образовни потреби).

Активностите ќе започнат со работилница за наставници кои ке бидат подготвени да им пружат помош на учениците со посебни потреби за квалитетно инклузивно образование, посебно во делот на постигањата од страна на учениците – оценувања. 4 (четири) наставника ќе бидат реализатори и креатори на работилницата со аудио, визуелен и пишан пример како до квалитетно инклузивно оценување и еден пример за асистивна технологија за помош при учење и подобри постигања во инклузивното образование. Учесници на оваа обука ќе бидат 56 наставника од училиштето.

Следна активност е изградба на 2 рампи на влезовите на училиштето во кој ќе биде вклучен техничкиот персонал како подршка со 4 (четири) вработени и директор како одговорен за овој дел од активноста. Наставниците ќе ја дадат својата подршка со промовирање на училиштето за упис на ученици со посебни образовни потреби и ученици со потешкоти во движењето (60 вклучени наставника).

Активности во редовната и вонредовна настава со 4 (четири) наставника и ученици со зголемена телесна маса (повеќе од 10 ученици), со различни деформитети и потешкотии во движење (повеќе од 15 ученици) како и  ученици кои ретко се активни во редовната настава по физичко и здравствено образование (повеќе од 5 ученици). Ќе се изведуваат физички вежби и игри со помош на асистивни спортско медицински реквизити во активностите за подобри резултати во совладување на материјалот кај овие ученици.

Ќе биде изработена посебна анкета на тема потешкоти и потреби на учениците. Во прашањата ќе бидат наведени 10 различни потреби на ученици (пример: помош при учење, подготовка пред тестови, комуникација со ученици, социјални и домашни проблеми, еконсомски …) и простор учениците да допишат. Анкета за да се детектираат одредени реални потешкотии искажани од страната на учениците.

По спроведената анкета од над 120 ученика од предметна настава и изведениот заклучок за нивните реални потреби ќе биде спроведена:

Кампања „Подај рака – другарчето те сака“ – Преку активностите:

Помош во учењето на час (два ученика со јаки постигања, му помагаат на еден ученик со послаби постигања),

Економска помош (собирање на парични средства, донација на облека и храна во загрозените семејства)

Активности кои ќе се реализираа се 2 пред-работилници за проблемите, потребите и состојбата на семејствата на учениците роми, ученици социјално загрозени и ученици со ПОП.

Ќе бидат реализирани посети во семејни домови од страна на 4 (четири) групи од (два наставник и три ученика) во вкупно 8 семејства. Секоја група ќе посети по две семејства со најавена посета и со разговор за нивните потешкотии и можностите за надминување на истите со помош на училишните ресурси. Семејствата кои ќе бидат посетени се 3 (три) семејства од ромска култура, 3 (три) семејства од социјално загрозена група и 2 (две) семејства на ученици со посебни образовни потреби.

 

Документи од усогласени критериуми.

За повеќе инфомрации кликнете тука.

 

Глаерија

IMG_20160219_104410 IMG_20160219_104210 IMG_20160219_103919
DSC_3020 DSC_3019 DSC_2997
DSC_2967 a1580e18d0f76123894dfcbb0a35188f5246ffcea07203f63aadc11e9ee05068 20160317_104957
12755215_859959554112944_1312499427_o 1bd0c7f2d444863aa2b3993ee7efcd9b58e46ef87323629467e40c5db42f9bf4